2019 – Годишен конгрес на FIE во Лозана

 

Лозана, Швајцарија, 30. ноември 2019 година
По точно 20 години, Годишниот конгрес на Меѓународната федерација за мечување (ФИЕ) се врати во олимпискиот главен град, со повеќе од 300 делегати собрани во Лозана во SwissTech Convention центарот.

 

Претседателот на Меѓународната федерација за мечување, г. Алишер Усманов, на отворањето на Конгресот го поздрави г-дин Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој се обрати на Конгресот и му го предаде на г. Усманов Трофејот на олимписки вредности на МОК.

Г-дин Бах срдечно ги поздрави членовите на Извршниот комитет и делегатите, велејќи: „Среќен сум за многуте достигнувања во мечувањето и како мечувањето ги живее олимписките вредности.“ Г-дин Бах продолжи да ги охрабрува делегатите да бидат „дел од промената што сакате да ја видите “.

 

Претседателот на FIE, Алишер Усманов, се обраќа на Годишниот конгрес во Лозана.

 

Претседателот на Мечувалечката федерација на Северна Македонија, Зоран Стојановиќ и членот на Извршниот одбор на Федерацијата Билјана Кузмановска Николовска, во друштво со Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, г. Thomas Bach, инаку и самиот мечувалец.