Билјана Кузмановска Николовска, национален тренер и селектор на Мечувалечката Федерација на Северна Македонија, со највисока оцена помеѓу 30 тренери од повеќе спортови од целиот свет, успешно го одбрани својот проект “ Програм за долгорочен развој на спортисти за постигнување на повисоки резултати ”. Билјана беше дел од сертифицираната програма за едукација и развој на тренери на Универзитетот Делавар и Американскиот Олимписки Комитет, реализирана во олимпискиот центар во Колорадо Спрингс – САД, во периодот од Септември 2019 до Октомври 2022 год. На свечената церемонија на доделување на дипломите присуствуваше и претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет, господинот Томас Бах.
Изразуваме особена благодарност до Олимпискиот комитет на Северна Македонија, кој го поддржа овој проект.