08.12.2019 “Шоколад“ турнир – Софија

Категорија момчиња до 11 години: Прво место Бундалески Огнен и трето место Дамјаноски Петар

Полуфиналната борба на Огнен Бундалески во категоријата до 14 години, со мајсторска завршница.

Мечувалечкиот клуб Ескрим настапи во категориите 2, 4 и 5.

Во категоријата на момчиња до 11 години настапија:
Огнен Бундалески – 1 место
Петар Дамјаноски – 3 место

Во категоријата на момчиња до 14 години настапија:
Огнен Бундалески – 2 место
Петар Дамјаноски – 6 место
Павел Трпковски – 9 место
Матеј Тодоровски – 10 место
Алекса Деспотовски – 15 место
Теодор Деспотовски 16 место

Во категоријата на девојки до 14 години настапија:
Дафина Блажевска – 7 место
Неда Коцевска – 8 место

Честитки до сите спортисти и нивните горди тренери за постигнатите успеси.

2019 – Годишен конгрес на FIE во Лозана

 

Лозана, Швајцарија, 30. ноември 2019 година
По точно 20 години, Годишниот конгрес на Меѓународната федерација за мечување (ФИЕ) се врати во олимпискиот главен град, со повеќе од 300 делегати собрани во Лозана во SwissTech Convention центарот.

 

Претседателот на Меѓународната федерација за мечување, г. Алишер Усманов, на отворањето на Конгресот го поздрави г-дин Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој се обрати на Конгресот и му го предаде на г. Усманов Трофејот на олимписки вредности на МОК.

Г-дин Бах срдечно ги поздрави членовите на Извршниот комитет и делегатите, велејќи: „Среќен сум за многуте достигнувања во мечувањето и како мечувањето ги живее олимписките вредности.“ Г-дин Бах продолжи да ги охрабрува делегатите да бидат „дел од промената што сакате да ја видите “.

 

Претседателот на FIE, Алишер Усманов, се обраќа на Годишниот конгрес во Лозана.

 

Претседателот на Мечувалечката федерација на Северна Македонија, Зоран Стојановиќ и членот на Извршниот одбор на Федерацијата Билјана Кузмановска Николовска, во друштво со Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, г. Thomas Bach, инаку и самиот мечувалец.

23.11.2019 Куп на Ескрим

На 23.11.2019 во Скопје се одржа купот на Мечувалечкиот клуб Ескрим од Скопје. Натпреварот се одвиваше во категориите до 14 години, кадети и сениори, за мажи и жени. Гости на натпрварот беа екипи од Солун – Грција и Осијек – Хрватска.
Категоријата до 14 години се одржа во рамките на Европското коло до 14 години на Европската мечувалечка конфедерација ЕФЦ
повеќе…