Нашата делегација на Светското првенство за кадети и јуниори во Каиро

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, ја прими делегацијата на Мечувалечка Федерација на Северна Македонија, пред заминување на Светско првенство во Каиро. На приемот присуствуваа претседатeлот на федерацијата Зоран Стојановиќ, националниот тренер и селектор Билјана Кузмановска Николовска, како и претставници од кадетската и јуниорската репрезентација .Светско Првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција ќе се одржи од 3 – 11 Април 2021 год. во Каиро – Египет.-Чест и задоволство ми претставува што имам прилика да се сретнам со овие млади ентузијасти во спортот, кај кои спортскиот дух и во овие услови на КОВИД е на високо ниво, истакна Мојсовски. Репрезентацијата во состав: Србиноски Петар, Величкоски Јован, Николовски Никола и Александровски Матеј тренираше цела година и се спремаше сериозно за настап на ова првенство и покрај сите неприлики и тешки услови предизвикани од светската пандемија.Ова е само потврда дека нашите спортисти, стручниот тим и федерацијата се приспособија на новите услови, макотрпно работеа без изговори и покажаа дека страста кон спортот е главен двигател во остварување на целите.-Сето ова немаше да биде возможно без досегашната поддршката од Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски кој воедно изрази спремност и за понатамошна поддршка на мечувањето кај нас, истакна преседателот на мечувалечка федерација, Зоран Стојановиќ.

https://www.facebook.com/AMSMacedonia/