Вчера, во просториите на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје, се одржа традиционалното прогласување на најдобрите спортисти во јуниорска и сениорска категорија, за 2024 година.
Мечувалечката федерација на Северна Македонија, со гордост објавува дека нашите спортисти Огнен Бундалески и Петар Дамјаноски во категоријата на млади спортисти, се пласираа помеѓу десетте најдобри. Честитки за нив со желби за нивни поголеми успеси, како и успеси на нашиот спорт воопшто.
Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
Силвио Мировски – Кик бокс клуб Гладијатор Стефан Стојановиќ – Карате клуб Макпетрол Витомир Трајковски – Карате клуб Макпетрол Никола Ѓуретановиќ – Пливачки клуб Вардар 2018 Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол Максим Митровски – Кик бокс клуб Шампион Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки Петар Дамјаноски – Мечувалечки клуб Ескрим Огнен Бундалески – Мечувалечки клуб Ескрим Јосиф Малински – Триатлон клуб Триоги Рејсинг