Анастасов Александар

Драги пријатели на мечувањето,

Со голема тага ве известуваме дека нашиот член Анастасов Александар почина денес, по кратко, но тешко боледување. Сите ние се сеќаваме на неговиот спортски дух, упорност и мајсторство.

Александар Анастасов беше еден од нашите најистакнати мечувалци и сигурно можеме да тврдиме дека беше наш најдобар ветеран. Последните години учествуваше на сите големи и помали ветерански турнири, секогаш освојувајќи медали и трофеи. Исто така, тој беше и светски шампион а ветерани сабја 2017 во категорија 70+.

Роден е 1945 година и се занимава со мечување од 16 години. Последниот натпревар на кој учествуваше беше белградскиот трофеј на 23.02.2020 година, и покрај сериозната болест која го спречи да ги покаже своите вистински квалитети.

Значајни сениорски остигнувања

  • Шест индивидуални златни првенства на Југославија
  • Пет тимски злата на првенствата во Југославија
  • Еден сребрен медал на Балканското првенство – поединечна конкуренција
  • Три сребрени медали на Балканското првенство – екипна конкуренција
  • Три бронзени медали на Балканското првенство – екипна конкуренција
  • Многу медали на меѓународните турнири во Европа
  • 25-то место на Светското првенство во Будимпешта

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *