Оваа година, за прв пат се одржува меморијалниот турнир во чест на нашата легенда Александар Анастасов, како и Куп на Скопје. Во продолжение ги имате поканите
12 – 13 .06.2021 Турнир Солидарност
30.05.2021 Државно првенство за сениори 2021
Нашата делегација на Светското првенство за кадети и јуниори во Каиро
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, ја прими делегацијата на Мечувалечка Федерација на Северна Македонија, пред заминување на Светско првенство во Каиро. На приемот присуствуваа претседатeлот на федерацијата Зоран Стојановиќ, националниот тренер и селектор Билјана Кузмановска Николовска, како и претставници од кадетската и јуниорската репрезентација .Светско Првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција ќе се одржи од 3 – 11 Април 2021 год. во Каиро – Египет.-Чест и задоволство ми претставува што имам прилика да се сретнам со овие млади ентузијасти во спортот, кај кои спортскиот дух и во овие услови на КОВИД е на високо ниво, истакна Мојсовски. Репрезентацијата во состав: Србиноски Петар, Величкоски Јован, Николовски Никола и Александровски Матеј тренираше цела година и се спремаше сериозно за настап на ова првенство и покрај сите неприлики и тешки услови предизвикани од светската пандемија.Ова е само потврда дека нашите спортисти, стручниот тим и федерацијата се приспособија на новите услови, макотрпно работеа без изговори и покажаа дека страста кон спортот е главен двигател во остварување на целите.-Сето ова немаше да биде возможно без досегашната поддршката од Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски кој воедно изрази спремност и за понатамошна поддршка на мечувањето кај нас, истакна преседателот на мечувалечка федерација, Зоран Стојановиќ.
https://www.facebook.com/AMSMacedonia/


19.03.2021: Родова еднаквост и надминување на родовите стереотипи во спортот
Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со Силвија Митевска, советничка на премиерот за спорт, Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, Ленче Алексовска-Величковска, деканка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравјe, и Пулексенија Јованоска, спортистка, денеска учествуваа на настанот „Родова еднаквост во спортот”.
Continue reading “19.03.2021: Родова еднаквост и надминување на родовите стереотипи во спортот”Извештај за потрошени средства од сметката МФСМ Ваучер
Државно првенство за јуниори 28.02.2021
Државно првенство за U14 и кадети 2021
Љупчо Тодоровски – Упа
Со голема тага ги известуваме нашите пријатели дека Љупчо Тодоровски – Упа, предсетателот на Мечувалечкиот клуб Победник и член на Извршниот одбор на Мечувачлечката федерација на Северна Македонија, почина вчера. Изразуваме искрено сочувство до неговата фамилија и неговите пријатели.









