Анастасов Александар

Драги пријатели на мечувањето,

Со голема тага ве известуваме дека нашиот член Анастасов Александар почина денес, по кратко, но тешко боледување. Сите ние се сеќаваме на неговиот спортски дух, упорност и мајсторство.

Александар Анастасов беше еден од нашите најистакнати мечувалци и сигурно можеме да тврдиме дека беше наш најдобар ветеран. Последните години учествуваше на сите големи и помали ветерански турнири, секогаш освојувајќи медали и трофеи. Исто така, тој беше и светски шампион а ветерани сабја 2017 во категорија 70+.

Роден е 1945 година и се занимава со мечување од 16 години. Последниот натпревар на кој учествуваше беше белградскиот трофеј на 23.02.2020 година, и покрај сериозната болест која го спречи да ги покаже своите вистински квалитети.

Значајни сениорски остигнувања

  • Шест индивидуални златни првенства на Југославија
  • Пет тимски злата на првенствата во Југославија
  • Еден сребрен медал на Балканското првенство – поединечна конкуренција
  • Три сребрени медали на Балканското првенство – екипна конкуренција
  • Три бронзени медали на Балканското првенство – екипна конкуренција
  • Многу медали на меѓународните турнири во Европа
  • 25-то место на Светското првенство во Будимпешта

Периодизација на тренажен процес

На иницијатива и во организација на Македонскиот Олимписки Комитет, во Септември 2019 година Мечувалечката Федерација на Северна Македонија ја испрати Билјана Кузмановска Николовска, основач и тренер на Мечувалечкиот клуб Ескрим Скопје на едукација во Олимпискиот тренинг центар во Колорадо Спрингс, САД. Анализирајќи ја состојбата во македонското мечување, беше донесена взаемна одлука тема на едукацијата и испитен проект да биде “Долгорочен развој на спортисти и периодизација во спортот”.

По враќањето од престојот во САД, Билјана почна со изработка и предложи план за имплементација во македонското мечување на проектот кој во Април оваа година треба да го брани во седиштето на Меѓународниот Олимписки Комитет во Лозана, Швајцарија.

 

Нејзиниот проект опфаќа и изработка на периодизација на тренажен процес на националната кадетска репрезентација за периодот Февруари – Април. Пред почетокот на примената на периодизацијата направени се контролни мерења и снимање на учесниците во проектот, извршено е психолошко тестирање на проширена група на мечувалци, направено е испитување на базичните знаења од оваа област на нашите тренери по мечување и одржани се две работилници за нивна едукација.

Следејќи го планот на Билјана, а со цел да се усогласи работењето на федерацијата со светските стандарди, излеговме од рамките на сопствениот кадар и ресурси и ангажиравме кондиционен тренер, Професор Назим Куртовиќ, кој работи со поголема група млади мечувалци на подобрување на нивната општа физичка состојба, снага, експлозивност и издржливост.

Модерниот пристап кон спортот подразбира примена на науката во спортот, а дел од неа е правилна исхрана и следење на одредени медицински параметри на спортистот. За таа цел организиравме предавање на тема правилна исхрана на спортистите на кое присуствуваа младите мечувалци со своите родители. Предавањето го одржа Др. Зоран Ханџиски, физиолог и специјалист по спортска медицина, наш еминентен експерт во оваа област.

Кадетите, учесници во овој проект ќе бидат упатени на комплетен спортско медицински преглед кој вклучува и испитување на интолеранција на храна со цел индивидуално прилагодување на исхраната за време на тренажниот процес и натпреварите. Планирано е ова понатака да се прошири на сите кандидати за националната селекција.

По одбраната на проектот, истиот ќе биде проширен со знаењата стекнати при престојот во САД, во него ќе бидат вклучени сознанијата од истражувањата на литературата користена за негова изработка и искуствата од неговата имплементација и ќе се публикува за да се сподели со останатите тренери. Паралелно со работењето на проектот, Билјана подготвува и брошура наменета за родителите на спортистите.

Ваков сериозен пристап кон спортот бара и сериозна финансиска поддршка. Патот и престојот во САД беа во организација на Македонскиот Олимписки Комитет, настапот на кадетската репрезентација на Европското првенство во Пореч, Хрватска беше делумно поддржан од Агенцијата за Млади и Спорт, но главен ослонец за реализација и имплементација на проектот на Билјана се средствата од финансирањето на спортот преку ваучер систем. Изразуваме благодарност до МОК, АМС и владата на Република Северна Македонија, кои ни овозможуваат предуслови мечувањето да го издигнеме на ниво кое ќе биде конкурентно во глобални рамки.

Национално првенство за млади 2020

Денеска се одржа Националното првенство за млади 2020. Им честитаме на сите учесници на постигнатите резултати и спортската борба.

Комплетните резултати се тука

All Medalists
All Medalists
NameClub(s)CountryEventMedal
BUNDALESKI OgnenMK ESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeGold (1st)
DAMJANOSKI PetarMK ESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeSilver (2nd)
TODOROVSKI MatejMK ESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeBronze (3rd)
DESPOTOVSKI AleksaMK ESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeBronze (3rd)
DAMJANOSKA IskraMK ESKRIMMKDCadet Women’s EpeeGold (1st)
TRPKOVSKA MilaMK ESKRIMMKDCadet Women’s EpeeSilver (2nd)
BLAZEVSKA DafinaMK ESKRIMMKDCadet Women’s EpeeBronze (3rd)
KOCEVSKA NedaMK ESKRIMMKDCadet Women’s EpeeBronze (3rd)
VELICKOVSKI JovanMK ESKRIMMKDCadet Men’s EpeeGold (1st)
NIKOLOVSKI NikolaMK ESKRIMMKDCadet Men’s EpeeSilver (2nd)
SRBINOSKI PetarMK BORECMKDCadet Men’s EpeeBronze (3rd)
BOZINOVSKI SimonMK ESKRIMMKDCadet Men’s EpeeBronze (3rd)

Olimpici Grand Prix 3 – 04.01.2020

Резултати U13 (kids)
Добри вести од денешниот U13 турнир, на кој се појавија дури 145 момчиња и 111 девојки до 13 години.

Во натпреварите по групи, Тодоровски Матеј и Бундалески Огнен имаа по 5 победи и 1 пораз, Дамјаноски Петар имаше 4 победи и 2 порази, додека Блажевска Дафина имаше 3 победи и 3 порази.

Конечниот редослед е како во табелата. Честитки до сите, а посебно до Матеј за извонредниот резултат.

Спортист Пласман
Тодоровски Матеј 14
Бундалески Огнен 44
Дамјаноски Петар 73
Блажевска Дафина 74

Online резултати имате тука

Olimpici Grand Prix 3

Olimpici Grand Prix 3

На 24, 25 и 26 јануари, нашите млади мечувалки и мечувалци ќе учествуваат на турнирот Olimpici Grand Prix3 во Будимпешта. Да им посакаме спортска среќа на

Неда Коцевска
Дафина Блажевска

Матеј Тодоровски
Петар Дамјаноски
Огнен Бундалески
Симон Божиновски


Куп на Македонија

Комплетни резултати тука…

All Medalists
All Medalists
NameClub(s)CountryEventMedal
ALEKSANDROVSKI MatejRABOTNICKIMKDSenior Men’s EpeeGold (1st)
ALEKSANDROVSKI TomiRABOTNICKIMKDSenior Men’s EpeeSilver (2nd)
SRBINOSKI PetarBORECMKDSenior Men’s EpeeBronze (3rd)
NIKOLOVSKI NikolaESKRIMMKDSenior Men’s EpeeBronze (3rd)
BUNDALESKI OgnenESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeGold (1st)
TODOROVSKI MatejESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeSilver (2nd)
TRPKOVSKI PavelESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeBronze (3rd)
DAMJANOSKI PetarESKRIMMKDU-14 Men’s EpeeBronze (3rd)
KOCEVSKA NedaESKRIMMKDU-14 Women’s EpeeGold (1st)
TRPKOVSKA MilaESKRIMMKDU-14 Women’s EpeeSilver (2nd)
BLAZEVSKA DafinaESKRIMMKDU-14 Women’s EpeeBronze (3rd)
BOZINOVSKI SimonESKRIMMKDCadet Men’s EpeeGold (1st)
VELICKOVSKI JovanESKRIMMKDCadet Men’s EpeeSilver (2nd)
SRBINOSKI PetarBORECMKDCadet Men’s EpeeBronze (3rd)
NIKOLOVSKI NikolaESKRIMMKDCadet Men’s EpeeBronze (3rd)
Tournament Result Summary
Tournament Result Summary
NameClub(s)EventPlace
ALEKSANDROVSKI MatejRABSenior Men’s Epee1
ALEKSANDROVSKI TomiRABSenior Men’s Epee2
BLAZEVSKA DafinaESKU-14 Women’s Epee3
BOZINOVSKI SimonESKCadet Men’s Epee1
BOZINOVSKI SimonESKSenior Men’s Epee7
BUNDALESKI OgnenESKU-14 Men’s Epee1
DAMJANOSKI PetarESKU-14 Men’s Epee3T
DESPOTOVSKI AleksaESKU-14 Men’s Epee5
DESPOTOVSKI TeodorESKU-14 Men’s Epee6
KOCEVSKA NedaESKU-14 Women’s Epee1
NIKOLOVSKI NikolaESKCadet Men’s Epee3T
NIKOLOVSKI NikolaESKSenior Men’s Epee3T
RAMOV LeonidRABSenior Men’s Epee6
SRBINOSKI PetarBORSenior Men’s Epee3T
SRBINOSKI PetarBORCadet Men’s Epee3T
TASEVSKI IgnatijESKCadet Men’s Epee5
TODOROVSKI MatejESKU-14 Men’s Epee2
TRPKOVSKA MilaESKU-14 Women’s Epee2
TRPKOVSKI PavelESKU-14 Men’s Epee3T
VELICKOVSKI JovanESKSenior Men’s Epee5
VELICKOVSKI JovanESKCadet Men’s Epee2